Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Не само што крши Устав, Мизрахи дрско лаже, таа е олицетворение на груевизмот и работи против ЕУ и НАТО

0Послушничката на Христијан Мицкоски и кадарот на Груевски Рашела Мизрахи не само што го крши Уставот и го загрозува членството во НАТО и ЕУ туку и дрско лаже, реагираат од СДСМ на изјавата на Рашела Мизрахи.

„Лага е дека немало нова табла како што лаже Мизрахи. До доаѓањето на Мизрахи во Министерството се почитуваа уставот, законите и уставното име на државата.

Мизрахи по налог на Мицкоски и Груевски го прекршува Уставот, го загрозува членството во НАТО и ЕУ ризикува враќање на кавгите со соседите и нови блокади.

Тоа е враќањето назад за кое зборува Мицкоски, извршителот на Никола Груевски.

Целта на извршителот Мицкоски е да се вратиме во изолација, во режим, да бидеме надовр од НАТО и ЕУ.

Мандатот на Мизрахи во преодната Влада е да внимава да нема злоупотреби во нејзиниот ресор со цел да се одржат фер, слободни и демократски избори, а не е да исполнува агенди и нарачки на Мицкоски и Груевски кои се насочени против ЕУ и НАТО.

Затоа на 12 април уште еднаш ќе бидат казнети, а нивните погубни политики ќе бидат поразени.“ – се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК