7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

“Извршителот Мицкоски знае да ја качува само цената на струјата, тој не знае да качува плати!”

Фејсбук статус на Марјан Забрчанец, советник во Владата:

Извршителот Мицкоски знае да ја качува само цената на струјата, тој не знае да качува плати!

Во време на ВМРО-ДПМНЕ, односно за време на директорувањето на Мицкоски со ЕЛЕМ и во време кога тој беше и советник и извршител на Груевски, цената на струјата порасна за 100%.

Енергетската политика на извршителот Мицкоски ја укина евтината тарифа на струјата. ВМРО-ДПМНЕ во 2017 беше против враќање на евтината тарифа.

Во време на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, домашното производство на електрична енергија падна за 25%, а увозот се покачи за 38%. Денес, Електрани на Северна Македонија извезува струја и има добивка од 80 милиони евра кои се вложуваат во еко инвертери за домаќинствата.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ домаќинствата се исклучуваа од парно греење, а државата ги принудуваше да плаќаат паушал иако не ја користеа услугата. Денес, кој не се грее на парно не плаќа за тоа, а државата го намали ДДВ за парно од 18% на 5% со што ги враќаме корисниците.

Владата додели дозволи за 35 мегавати нови фотоволтаични електрани за кои не плаќа никаква тарифа, а Електрани на Северна Македонија се пред почеток на изградба на нова електрана во стариот рудник во Осломеј од 10 мегавати.
Во времето на ВМРО-ДПМНЕ за 11 години се изградија само 18 мегавати фороволтаични електрани, за кои 20 години ќе плаќаме вртоглаво високи цени на енергијата.

Христијан Мицкоски е најнеуспешниот директор на ЕЛЕМ, тој ли ќе качува плати?

СДСМ за само две и пол години ги крена платите повеќе отколку што ВМРО-ДПМНЕ го направи тоа за 7 години. Платите во време на СДСМ растат три пати побрзо.

ВМРО-ДПМНЕ ја држеше минималната плата на 9000 денари, а сега е 14.500. Тие ли ќе креваат економија?

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК