Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Забрана за сообраќај на Плетвар и на патот за Попова Шапка

Забрана за сообраќај за сите моторни возила има на планинскиот премин Плетвар, додека за автобуси и комбиња е задолжителна зимска опрема. Поради интензивни врнежи од снег,силен ветер и намети, на патниот правец Тетово – Попова Шапка се воведува забрана за сообраќај за сите видови на возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег. Во западниот дел од државата провејува слаб снег.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

МВР со важна вест околу плаќањето на казни за граѓаните кои ги добиле преку Сејф сити

ДЕСК

Спасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

ДЕСК

ИЗМАМА ВО ПРИЛЕП: Осуденик пријавил дека бил оштетен за 890.000 денари

ДЕСК