Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски продолжуваат да го загрозуваат членството во НАТО, граѓаните нема да им дозволат да го вратат режимот и изолацијата“

-ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски упорно работат против интересите на граѓаните и државата и се обидуваат да го вратат режимот на Груевски, соопшти денеска СДСМ.

„Последна потврда за тоа се ставовите на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Тони Михајловски кој заговара поништување на Договорот од Преспа.

Со поништувањето на Договорот од Преспа се поништува нашето членство во НАТО и се загрозува натамошната интеграција во ЕУ.

Неговото поништување значи враќање во изолација и неизвесност.

Очигледно дека насоките од Будимпешта се ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да работат отворено против ЕУ и НАТО, против интересите на граѓаните.

Но колку и ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се обидуваат да ја вратат државата назад тоа не да им успее.

На 12 април граѓаните ќе потврдат дека сме на прав пат а тој пат води кон ЕУ и НАТО.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ СКОПЈЕ, МЛАДИ СЕ ПОВРЕДЕНИ – „Мерцедес“ излетал од автопат и завршил во двор на куќа

ДЕСК

ВООРУЖЕН 26-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВО КИЧЕВО – Кај него пронајдени пиштол и 31 куршум

ДЕСК

СО 2,23 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ПРАВЕЛ НЕРЕД ВО КИЧЕВО – Полицијата приведе 62-годишен маж

ДЕСК