Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Продолжува судењето за „Рекет“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Рекет“ на кое Обвинителството треба да продолжи со презентација на материјалните докази. Меѓу доказите кои сè уште не се изведени во судницата се и снимките на Орце Камчев кои летово беа објавени и во италијанскиот весник „Ла Верита“.

Досега во овој судски процес беа сослушани сите сведоци предложени од Обвинителството, а потоа се продолжи со материјалните докази кои се изведуваа на последните две рочишта.
Откако ќе заврши изведувањето на материјалните докази, ќе се премине на сведоците што ги предлага одбраната, како и на нејзините докази.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +