Centar.mk
ЛОКАЛНОИЗБОР

Градоначалникот Смилевски во обиколка на градежните активности во Визбегово

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски денеска ја посети населбата Визбегово, каде деновиве отпочна со изградба на фекална канализација од улица 3 до новопроектираното училиште во населбата. После завршувањето на проектот со изградба на фекалната канализација, општината отпочнува со изградба на водоводната мреже за истата локација.

Во општина Бутел оваа недела отпочна уште еден многу важен проект со поддршка на Владата на РСМ. Имено, се отпочна со изградба на канализациска мрежа во должина од 5,2 км на 2 крака во индустрискиот дел на населбата Визбегово.
Во индустриската зона Визбегово работат околу 200 компании и има интерес за изградба на капацитети и од други стопанственици поради што се работи на целосно подобрување на инфраструктурата и на деталниот план во општината. Со овие проекти ќе постигнеме поголем економски бенефит за општината и за сите нејзини граѓани.

Можеби ќе ве интересира

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК

Поддршка за секое дете – еднакви можности за спорт

ДЕСК