8. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Огненовска: Ги повикуваме сите млади да поднесат кандидатури за пратеници, ја отвораме СДСМ за квалитетни кадри

Започнаа постапките за избор на кандидати за пратеници на СДСМ. Покрај кандидирањето од страна на Општинските организации, Градската организација и Извршниот одбор, отворена е можноста за самокандидирање, соопшти Блажена Огненовска од СДММ.

„СДСМ како партија насочена кон младите, целосно ја почитува одредбата за 30 отсто застапеност на млади на пратеничките листи. Доколку ги делите социјалдемократските вредности, доколку имате визија и решенија за квалитетни младински политики, доколку сте препознаени како чесни и угледни личности ве повикувам да се вклучите во постапката на самокандидирање.

Покажавме дека постојано ја отвораме партијата за нови, млади и квалитетни кадри, идеи и проекти. Така е и сега и така и ќе продолжиме! Ќе се спроведе транспарентна, инкулузивна и професионална постапка. Потоа на Конгрес ќе дојдеме до имињата на најдобрите кандидати кои ќе се најдат на пратеничките листи.

СДСМ знае да го цени и почитува квалитетот и потенцијалот на млади луѓе, нивната енергија и визија. СДСМ отсекогаш работел заедно со младите и во нивен интерес. Така ќе биде и во иднина и по победата на 12 април. Продолжуваме на прав пат заедно со младите“ додаде Огненовска.

Можеби ќе ве интересира

Димковски: Лозарите мака мачат, ВМРО-ДПМНЕ да го прифати решението на СДСМ за дополнителни 3 денари за килограм грозје

C +

СДСМ до ВМРO-ДПМНЕ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +

СДСМ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +