Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Николовски: Грижата за земјоделците продолжува, субвенциите за зелена нафта ги зголемуваме на 50%

Обраќање на Љупчо Николовски, Генерален секретар на СДСМ – интегрален текст

Почитувани земјоделци,

Го исполнивме ветувањето, ја резлизиравме мерката „зелена нафта“ за која што се залагавме во претходните 10 години. Преку неа овозможивме 30% поевтина нафта, го олеснивме производството и ги намаливме трошоците на земјделците. Оваа година на сметките на 55 илјади земјоделци враќаме околу 200 милиони денари.

Денес ви давам ново ветување – во следниот мандат субвенциите за зелена нафта ги зголемуваме на 50% и тоа веднаш по формирањето на новата влада во мај. Оваа мерка е само дел од сетот развојни мерки предвидени во изборната програма на Социјалдемократскиот сојуз за претстојните избори, коишто ќе придонесат за модерно и конкурентно земјоделство.

Како што ги исполнивме ветувањата досега, така продолжуваме и понатаму. Наша цел е и останува да обезбедиме силна и континуирана поддршка на земјоделците. На овој начин, ги поттикнуваме да ги развијат своите стопанства и да остварат поголеми приходи. Заедно со земјоделците продолжуваме да чекориме на прав пат – градиме одржлив агро сектор и силна економија.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК