Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Владина делегација положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод 148 години од неговото раѓање

Владина делегација предводена од министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, по повод 148 години од неговото раѓање.

„Владата на Република Северна Македонија со овој чин им се придружи на настаните со кои му се оддава почит на делото на големиот револуционер Гоце Делчев како една од најмаркантните фигури во борбата и заложбите за македонска државност и за слободна земја, интегрирана во напредната заедница на народите“, се истакнува во владиното соопштение.

Еден од најистакнатите македонски револуционери, Гоце Делчев, е роден на денешен ден 1872 година во Кукуш.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Снемува пари во Буџетот, дефицитот за три месеци изнесува 408 милиони евра

C +

Европски фронт собира потписи за уставни измени: Време е да се деблокира евроинтеграцијата

C +

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК