Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Полицијата го уапси лицето кое пукаше во полицаец

Денеска (03.02.2020) околу 10.00 часот, полициски службеници го лишиле од слобода и привеле во Полициска станица Велес Ѓ.К.(31) од Велес.

Тој, на 02.02.2020 околу 10.15 часот пред црквата „Св.Спас“, кај Градските гробишта во Велес, на полицискиот службеник Е.М.(46) му го одзел службениот пиштол и пукал кон него. Претходно, тој со уште три лица физички нападнале полициски службеници при преземање на службени дејства. Тројца од напаѓачите беа приведени вчера во полициска станица.

По целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Работникот не е изморен само од работа, туку од тоа што трудот не носи мир

ДЕСК

Мицкоски: Од Владата до општините за капитални инвестиции се предвидени половина милијарда евра

ДЕСК

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали ја отвори МБТ конференцијата 2026 во Скопје

ДЕСК