Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нова средба за надминување на разликите за законот за Јавно обвинителство

Нова средба на работните групи ќе се одржи денеска за надминување на разликите околу законот за Јавно обвинителство, во обид да се усогласи верзија на предлог-законот кој ќе се поднесе во Собранието.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од барањата за законот за ЈО, откако во петокот го повикаа Министерството за правда да организира средба со правните експерти кои дале забелешки на јавната расправа и заедно со нив да направат амандмани на предлог-законот.

Од СДСМ, пак сметаат има шанси законот да се донесе пред распуштањето на парламентот.
Министерката за правда Рената Дескоска им испрати писмо на ВМРО-ДПМНЕ во кое им порача ако мислат дека има потреба од измени на текстот на законот, да се посветат на подготовка на амандмани./Makfax

Можеби ќе ве интересира

Работникот не е изморен само од работа, туку од тоа што трудот не носи мир

ДЕСК

Мицкоски: Од Владата до општините за капитални инвестиции се предвидени половина милијарда евра

ДЕСК

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали ја отвори МБТ конференцијата 2026 во Скопје

ДЕСК