Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Стефан Богоев ќе учествува на националниот молитвен појадок во Вашингтон

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев ќе биде во официјална посета на Соединетите Американски Држави, при што ќе учествува на Националниот молитвен појадок, кој ќе се одржи по 68 – ми пат, а е во организација на претседателот на САД, Доналд Трамп.

-Богоев ќе има средби со повеќе конгресмени, како и со претставници од Националниот демократски институт (NDI) и Меѓународниот републикански институт (IRI).

Националниот молитвен појадок обединува повеќе од 3.500 гости, претседатели, премиери, политичари, претставници од бизнис секторот, верски лидери и истакнати личности кои зборуваат на различни политички и социјални теми,соопшти СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев, вели СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија а не нови отстапки, услови и национални понижувања како што нуди СДС и Филипче

ДЕСК

Пред невреме проверете го ова: Кров, олуци, автомобили, дворови и електрични уреди

ДЕСК