Еден ден откако „360 степени“ објави дека министерот за внатрешни работи во техничката влада, Наќе Чулев, сака да го преземе од Агенцијата за разузнавање во МВР – Синиша Алексовски, контроверзниот екс советник на Ѓорге Иванов, дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска потврдува дека трансферот не се случил поради тоа што таа не дала согласност за тоа, пишува 360 степени.
Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, потврдува дека таа не одобрила дополнителни четворица вработени од Агенцијата за разузнавање (АР) да преминат во МВР, откако претходно дала согласност за трансфер на пет лица, информира медиумот.


