24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Трајан Димковски од Струмица: 80 милиони денари персонален данок вратени кај 17.000 земјоделци

Вкупното земјоделско производство во земјата изразено вредносно изнесува околу 900 милиони евра, и затоа се потребни конкретни мерки за поддршка на над 180.000 семејства кои се занимаваат со земјоделство, истакна Трајан Димковски, член на Централниот Одбор на СДСМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Струмица на денешната трибина Агенда 20-24, посветена на земјоделството.

Една од нив е повратот на персоналниот данок, чиј праг се зголеми од 300.000 денари на милион денари за сите земјоделци. Станува збор за 17.000 земјоделци на кои до крајот на минатата година им се вратени околу 80 милиони денари персонален данок, истакна Димковски.

Министерството, покрај со транспарентно и неселиктивно плаќање на субвенциите, го помага земјоделството и со интервентни мерки, внимавајќи да не направи дистрозија на пазарот, додаваќји дека во 2018 година имало шест интервентни мерки и тоа за домати, јаболка, грозје, слива праски, ориз, а во 2019 само 2 и тоа грозје и за откуп на јагне, истакна Трајан Димковски, член на Централниот Одбор на СДСМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на трибината Агенда 20-24 во Струмица.