24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКИЗБОР

Најдолгите војни во историјата – најкратката траела дури 290 години

На прашањето која е најдолга војна во човековата историја ќе добиете повеќе одговори затоа што изворите никогаш нема да се согласат околу критериумите кои ја одредуваат должината на војната.

Следните неколку војни според својата должина на траење се издвојуваат од останатите и се познати под терминот „стогодишни војни“.

Римјани и Персијци (720 години)

Судирот помеѓу двете големи кралства Римското и Персиското, траел дури 720 години. Стариот Рим всушност и не бил единствена супер сила. Сериозна конкуренција имал од второто и третото Персијско царство, како и кинеската династија Хан.

Што се однесува до судирот меѓу Римјаните и Персијците, треба да се спомене дека Персијците го стопирале ширењето на Рим кон истокот, а Римјаните ширењето на Персија кој запад. Ова траело повеќе од седум векови.

Холандија против Скили (335 години)

Ова е сигурно најспорната војна во историјата. Иако се наведува дека оваа војна почнала во 1651 година, а завршила во 1986 година, треба да се каже дека не е испукан ниту еден куршум и веројатно ова е војна во која не е пролеана капка крв. Траела повеќе од четири века поради немањето доволно волја двете страни да потпишат мировен договор.

Војната помеѓу Шпанија против племето Мапуче во Чиле и Аргентина. Траела од 1536 година до 1825. Во оваа војна немало победник. Војната го достигнала својот врв кога Чилеанците се избориле за независност од Шпанија.