24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Трибина „Агенда – Едно општество за сите“: Со концептот едно општество за сите, СДСМ обезбедува демократски вредноси и еднакви можносите за сите граѓани

СДСМ со храброст и визија го иницираше и го спроведува концептот „Едно општество за сите“, концепт кој се темели на толеранција, мултикултарилизам, социјална правда, еднакви можности на жените и мажите, вклученост и учество на граѓаните во одлучувањето.

Ова е пораката од синоќешната трибина Агенда 20-24 организирана од СДСМ на тема „Едно општество за сите“, во Гостивар, како град кој со векови го живее концептот на едно општество за сите и е пример за соживот, не само во Северна Македонија.

На трибината, која има за цел да ги слушне мислењата на граѓаните и да ги вгради нивните препораки во своите политики, програми и мерки, пред многубројните присутни се обратија потпретседателот на СДСМ Коста Петров, претседателката на комисијата на СДСМ „Едно општество за сите“ и пратеничка во собранието Ѓулумсер Касапи, граѓанската активистка Мерсиха Смајловиќ, граѓанската активистка и универзитска професорка Весна Попоска, Љуљзим Хазири од Асоцијацијата за демократски иницијативи, Љатифе Шикоска, од невладината огранизација Амбрела и Илкер Јусуф од сојузот на турски невладини организации во Северна Македонија, Матуситеб.

Денес ние веќе го живееме концептот на едно општество за сите, за нас тоа веќе е објективна реалност бидејќи токму новите законски решенија го овозможуваат тоа. Политиките на СДСМ остануваат посветени кон креирање на едно општество за сите граѓани и во иднина – порача претседателката на комисијата на СДСМ „Едно општество за сите“ и пратеничка во собранието, Ѓулумсер Касапи.

Таа додаде дека денес создаваме политики за едно општество кои се однесуваат на сите граѓани и работиме на подигнување на свеста од најмала возраст како и спречување на верската и етничка нетрпеливост и почитување на различностите.

СДСМ е носител на концептот едно општество за сите, но тој припаѓа на сите граѓани, истакна потпретседателот на СДСМ Ксота Петров, додавајќи дека концептот не е само политички израз, туку и цивилизациски поим.

СДСМ е отворена за сите граѓани, заедници, на следните избори на листите ќе има 50:50 мажи:жени претставници од сите заедници, нагласи Петров.

Владата ја усвои стратегијата, матичната комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието ја разгледа. Формирани се Постојаното тело и Координативното тело за нејзина имплементација. Одговорните министерства и институции веќе ги имплементираат првите активности од акцискиот план во соработка со меѓународни партнери и домашни здруженија и фондации – истакна Петров.

Едно општество за сите не е парче хартија, туку е начин на живот кој ние го живееме со векови, но конзервативната власт 12 години многу ги наруши меѓучовечките односи и направи вештачки поделби, истакна граѓанска активистка и универзитска професорка Весна Попоска, додавајќи дека ние мора да живееме едни со други, едни за други, со силни институции и вредносно базирано лидерство.

Како препораки за во иднина Попоска истакна дека едно општество за сите има потреба од една изборна едница, во која до израз ќе дојде секој поединец. Таа побара исфрлување на балансерот, ревидирање на учебниците, вложувања во инфраструктурата и квалитетна правда.

Љуљзим Хазири од Асоцијацијата на демократски иницијативи го поздрави концептот на едно општество за сите, наведувајќи дека СДСМ е партија која прв пат доаѓа со вакви содржини, наместо други политичари, кои со етнички теми ја кријат неспособноста за работа. Тој се заложи за поширока презентација на стратегијата пред општините и локалните заедници и оцени дека засилениот регионален економски развој ќе ги маргинализира жешките теми и луѓето ќе почнат да мислат на квалитетен живот дома.

Министерството за труд и социјална политика започнаа сериозни реформи за социјална правда пред се за ромите, кои живеат на маргините на ова општество, со обезбедување на минимален приход како и детски и образвен додаток, истакна Љатифе Шиковска од невладината организација Амбрела, која се занимава со социјална права за ромите, додавајќи дека полека но сигурно се гледа дека животниот стандард се подобрува. Шиковска соопшти дека од примателите на гарантиран приход 400 се веќе вработени, а мобилни тимови од социјални работници и невладини организации помагаат да се реши прашањето на децата на улица.

Законот за решавање на проблемот на лицата без лична документација е во собраниска процесура, а додека да се донесе законот на 700 лица кои се без државјанство им е обезбедено правото на социјална помош, образование и работа, рече Шиковска и се заложи за намалување на стапката на сиромаштија под 16%.

Едно општество за сите нема да биде лесно да се реализира, но ние сме оптимисти, смета Илкер Јусуф од сојузот на труски невладини организации во Северна Македонија, Матуситеб. Тој наведе некои проблеми со кои се соочува турската заедница како вработување на работни места на други заедници наместо турци, застапеност на централно и локално ниво, проблеми со образованието.

Јусуф повика на организирање на повеќе културни манифестации со мултиетнички карактер, бидејќи културата ги зближува луѓето.

Концептот на едно општество значи заедно да функционираме, заедно да живееме и заедно да функционираме во еден соживот, истакна граѓанската активистка Мерсиха Смаиловиќ, додавајќи дека насоките и препораките од трибината која има за цел директно да се разменат идеи и мислења ќе бидат преточени во програмата Агенда 20-24 на СДСМ.