Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Жртва на „Јавна соба”: Маж ми ме виде на вести, државата да ги казни виновниците

Дваесет и едногодишната Ј.М. од Скопје, е една од жртвите во вознемирувачката група „Јавна соба“ на апликацијата Телеграм.

– Прво сакам да кажам дека сум мажена и дека воопшто не е пријатно сопругот да ме гледа на вести. Многу ми е непријатно зашто уште од вчера почнаа да ми праќаат пораки во инбокс, маж ми ме виде на вести. И за ова проблемот е што знам точно кој пишува од тие профили, знам и што пишува. Вчера една личност ми се закани дека ќе паднам на најниско можно ниво и после половина час почнаа да ме аднуваат и да ми пишуваат и се појавив во „Јавна соба“. Навистина проблемот не е во фотографиите, бидејќи јас разголени фотографии немам. Се работи за обични фотографии, од мојот јавен Инстаграм профил кои подоцна со навредливи коментари се трансформираат во нешто што ми штети на угледот. Ниту некогаш сум имала фотографии со кои може да бидам оцрнета ниту нешто такво. Сакам се да се избрише од Телеграм и институциите да постапат. Одлична вест е што полицијата го знае идентитетот на сите луѓе што биле вклучени во групата. И државата треба да поведе постапка и јас лично ќе поднесам приватна постапка за нарушување на честа и угледот, вели таа за Слободен Печат.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК