18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk / илустрација
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Од среда значителна промена на времето: Снег во делови од Македонија

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето а во текот на ноќта и во среда ќе има врнежи од дожд и снег на планините. Во среда попладне и во ноќните часови врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои пониски места.

Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Потоа следува период на стабилно време.

Прогноза за 29.01.2020
Минимална температура: -1°C до 4°C
Максимална температура: 9°С до 14°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а попладне и во ноќните часови ќе преминат во снег и во некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 30.01.2020
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 4°C до 11°C
Претпладне со повремен локален дожд, на повисоките места и на планините со локален снег, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Прогноза за 31.01.2020
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 6°C до 13°C
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен западен ветер.

Спонзорирано: