Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ванчева: Намерата на ВМРО-ДПМНЕ е да се закопаат сите предмети на СЈО, сите докази и сите материјали

Намерата на ВМРО-ДПМНЕ е само како да се закопаат сите предмети, сите докази, сите материјали и веќе да не видат светло на денот, значи тоа е целата работа, изјави вечерва во гостување на МТВ претничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.

– Оваа реторика дека Законот се носи шверцерски, дека се амнестира криминал, дека е неуставен значи оваа реторика ја слушаме многу долго време. Овој Закон, ова решение е согласно стратегијата за реформи во правосудството, согласно препораките на ГРЕКО, усогласување со Законот за кривична постапка и сега сето ова го фрламе во вода и забораваме дека меѓународните експерти кои беа вклучени во работната група токму тој дел го ценеа од Законот. Сега ВМРО-ДПМНЕ тоа го фрла во вода и вели не, овој е шверцерски. Факт е дека за ВМРО-ДМНЕ, најболното прашање на овој закон се одредбите што го регулираат начинот на продолжување на предметите на СЈО, заклучи Калеска-Ванчева.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

C +