Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Со цел подобра информираност на граѓаните на Скопје, јавното претпријатие го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата што го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.
„Секторот за санитарна контрола во периодот од 20.01.2020 до 24.01.2020 зема 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (‘Службен весник’ на РМ, бр.183/18)“ се вели во соопштението.