Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се судрија автобус и автомобил, дваесетина луѓе повредени

Дваесет и едно лице се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, помеѓу автобус и автомобил „бмв“.

Според инфорамциите, автобусот го управувал Н.А. (39) од Куманово, а автомобилот Н.М (28) исто така од Куманово. Во несреќата повредени се двајцата возачи и 19 патници од автобусот. Тие се пренесени во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово./Makfax

Можеби ќе ве интересира

До крајот на работната недела сонце, а потоа промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Агресивно се однесувал кон полицајци – веднаш е приведен

ДЕСК

Отишол во полиција и побарал да му извадат уште една возачка дозвола – еве што му се случило потоа

ДЕСК