24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ го кочи отписот на каматите и долговите што ги имаат граѓаните

Прес-конференција Жаклина Лазаревска, пратеничка од СДСМ – интегрален текст

ВМРО-ДПМНЕ работи директно на штета на граѓаните и ги кочи сите проекти кои значат подобрување на нивниот стандард.

Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска веќе четврти ден не закажува продолжение на седницата на која што требаше да дискутираме за Предлог законските решенија за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица и на јавни препријатија.

СДСМ како одговорна партија, работи во интерес на граѓаните, предлага отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица.

Откако со криминално работење ги заглавија општините и јавните препријатија со огромни долгови, сега ВМРО-ДПМНЕ само заради теснопартиски интереси, ги блокира и е против проектите кои ќе овозможат развој и напредок, а се единствено во интерес на граѓаните.

Станува збор за долгови направени во периодот до 31 декември 2017 година, кога кадри на ВМРО-ДПМНЕ раководеа со овие институции.

Јавните претпријатија ќе имаат обврска да ги отпишат каматите и да ги репрограмираат долговите на граѓаните, а државата обезбедува мерки кои ќе гарантираат развој и ефикасно функционирање на јавните претпријатија.

Овие две мерки се тесно поврзани и се во интерес на сите граѓани на нашата држава.

Ја повикуваме Кузмановска и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да ги блокираат овие закони, да ги повлечат илјадниците амандмани и да ја деблокираат работата на Комисијата за финансирање и буџет.

Со или без ВМРО-ДПМНЕ нашата држава ќе оди напред. Граѓаните тоа го знаат и затоа на 12 април ќе ги казнат сите штетни политики на ВМРО-ДПМНЕ.