Обраќање на потпретседателот на СДСМ, Коста Петров за Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот:
„На Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаусот се сеќаваме на сите мажи, жени и деца кои беа злоупотребени, измачувани или убиени за време на Холокаусот.
Се сеќаваме на 7148-те Евреи од Северна Македонија кои на 11 март 1943 година бea депортирани во концентрациониот логор во Треблинка.
Се сеќаваме на шесте милиони Евреи, Словени, Роми, хомосексуалци, луѓе со инвалидитети, верски лидери и многу други луѓе кои храбро се спротивставиja на Нацистичкиот режим.
На овој ден, исто така, се сеќаваме на храброста на сите оние кои ги штитеа нивните еврејски заедници, илјадниците кои ги ризикуваа нивните животи за другите да имаат вистинска шанса за живот.
Се сеќаваме на лицата кои ги преживеаја камповите на смртта и на нивната храброст и волја за живот.
Да не дозволиме да се заборави каде може да нè одведат предрасудите и омразата и да го зачуваме ова сеќавање како лекција за генерациите кои доаѓаат.“