Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дескоска на Топ Тема: Сигналите од ЕУ се доказ за квалитетот на Законот за Јавно обвинителство

Сигналите од Европската унија дека е добро да се донесе овој Закон за Јавно обвинителство, меѓудругото е доказ за квалитетот на законското решеније, посочи членката на Извршниот одбор на СДСМ и министерка за правда, Рената Дескоска во вечерашното гостување во емисијата Топ тема.

– Ако имаме 80 пратеници ќе влеземе во собраниска процедура на носење на Законот. Според мене, созреана е свеста кај пратениците од важноста за носење на Законот за Јавно обвинителство. Иако овој Закон не е услов за нашата евроинтеграција, имаме можност да пратиме порака дека сме спремни да изградиме силни, независни капацитети кои ќе се справат со корупцијата, истакна Дескоска.

На прашањето за Јавен обвинител на предлог на опозицијата, Дескоска рече дека тоа во сегашната поставеност, не е возможно.

– ВМРО-ДПМНЕ на секој начин се обидува да ја осптруира правдата и процесите што се во тек. Нивно клучно барање е да ги нема случаите на СЈО. Недозволиво е луѓе кои се лично засегнати во судски предмети, да предлагаат свој обвинител и сами да се гонат за предметите, нив ги интересира само судбината на предметите на СЈО, заклучи Дескоска.

Можеби ќе ве интересира

Големо апсење во Скопје – Уапсено лице осудено на 9 години затвор

ДЕСК

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ВРЕМЕТО, ОД ПОНЕДЕЛНИК ГОЛЕМА ПРОМЕНА – Метеоцентар со детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК

Министерот Минчев на средба со амбасадорот на Кралството Шведска Сулстром

ДЕСК