10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Локвенец: Предметот „Империја“ свесно се урнисувал преку давање поткуп на обвинители

„Денешните случувања околу предметот во јавноста познат како Рекет се повеќе го одмотуваат клопчето на вистината. Денешните случувања се најдобар доказ дека се работи за индиции за кривично дело поткуп. Дека предметот „Империја“ свесно се урнисувал преку давање поткуп на обвинители“, вели Хари Локвенец од СДСМ.

Тој посочува на делот од сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова, каде таа раскажуваше дека кога го повикала бизнисменот Орце Камчев во просториите на СЈО, во еден момент, кога стручниот соработник го носел неговиот адвокат во собата за распит, бизнисменот од џебот извадил лист хартија на чиј врв било логото на „Систина“. На листот имало текст на македонски, но и порака на латиница. На листот, според нејзиното сведочење, пишувало дека за него и за Сашо Мијалков, во пакет, ќе се преземат определени мерки за да излезе од притвор за кои ќе се погрижи Наташа Савова.

„Од друга страна, денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ и барањето да се разрешуваат судии уште еднаш потврдува дека оваа партија не сака да се расчисти случајот Империја во која главен осомничен е тајкунот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев. ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во спрега со обвинети и осомничени лица прават се за да и наштетат на правната држава“, посочува Локвенец.

ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена брани криминал и криминалци од сопствените редови. Јасно е дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават СЕ за да не се донесе Законот за Јавно обвинителство и истрагите и предметите на СЈО во кои се обвинети функционери на опозицијата да не добијат правен епилог. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го поткопуваат правниот систем и остануваат на браникот на криминалот во сопствените редови, додава пратеникот.

Спонзорирано: