Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Страшна сообраќајка во Виница: Повеќемина млади повредени со болнички итно пренесени во комплексот клиники во Скопје

На 25.01.2020 во 04,40 часот било пријавено дека во Виница на улицата „Браќа Миладинови“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “алфа ромео“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.И.(26) од Штип, и патничко моторно возило “поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од В.С.(59) од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле В.С. и сопатничка од возилото “алфа ромео“ Е.И.(23) од Штип, по што биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Со повреди се здобиле С.И. и останатите сопатници од истото возило А.С.(19), Д.М.(27) и 17 годишно лице сите од Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД И СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ ВО МАКЕДОНИЈА – Денеска температури до 18 степени

ДЕСК

Почна гласањето во Брвеница – гласаат вкупно 107 болни лица

ДЕСК

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК