10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Нова исчадена петарда од режимските портали, изборите во 2014. ги украде Груевски, а не Заев

Нова исчадена петарда на режимските портали кои штанцаат фабрикувани случаи на ВМРО-ДПМНЕ, токму Груевски ги украде изборите во 2014 година, велат од СДСМ преку соопштение.

„Нова исчадена петарда од режимските портали. Безидејната ВМРО-ДПМНЕ партијата олицетворение на лаги, измислици и монтирани случаи нема што да им понуди на граѓаните, па се обидува да манипулира на најнизок начин преку наклонетите на нив портали .

ВМРО-ДПМНЕ нема ништо освен фабрикувани случаи од времето на режимот и заробената држава кога Зоран Заев им беше главна мета на измислици и монтирани случаи.

Не само што изборите во 2014 ги украде Никола Груевски, туку и обвинителството под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ не презело никакви дејствија.

Наводите дека Зоран Заев бил вмешан во изборни нерегуларности во 2014 година им паѓаат во вода. Затоа што ако е така, зошто обвинителството под контрола на ВМРО-ДПМНЕ не го процесирало, туку напротив не превзело ништо.

Изборите во 2014 година се симбол на изборните кражби на ВМРО-ДПМНЕ и почеток на политичката криза која заврши со пад на Груевски и Мицковски.

ВМРО-ДПМНЕ ги загубија последните локални и претседателски избори и ќе ги загубат и предвремените парламентарни избори.

Поразот на овој тандем ќе биде потврден на слободните и демократски избори на 12 април. Граѓаните ќе им кажат „не“ на обновата на режимот и враќањето на заробената држава!

Граѓаните нема да ги поддржат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ во соопштението.

Спонзорирано: