20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нова жртва на иста измама – ѝ рекле да даде пари или синот ќе лежи во затвор поради сообраќајка

„Син ти направи сообраќајна несреќа во која загина дете. Да ни дадеш пари и ќе средиме тој да не лежи во затвор“. На овој начин вчера била измамена 68-годишна скопјанка која случајот го пријавила во полицијата.

Од МВР велат дека жената добила повик на домашниот телефон во станот на нејзиниот син. Ѝ се јавило непознато лице кое ѝ кажало дека наводно нејзиниот син направил сообраќајка и прегазил дете кое починало. Потоа тој ѝ побарал на мајката 50.000 евра за наводно да „среди“ да не биде казнет нејзиниот син, а во спротивно, како што ѝ рекол, синот би можел да одлежи до десет години во затвор.

Жената му кажала дека немала толку пари по што тој ја прашал колку можела да најде. По кратко време, му дала 135.500 денари на таксист кој го испратило лицето со кое зборувала. Подоцна оштетената исконтактирала со нејзиниот син и сфатила дека била измамена.

Жртва на иста измама пред три дена беше жена во Свети Николе. И беа изнудени 2.000 евра, со лага дека нејзината внука предизвикала сообраќајна незгода во која загинало осумгодишно дете.

Спонзорирано: