Centar.mk
ЛОКАЛНО

Општина Аеродром: Учениците од основните училишта од среда ќе добиваат топол оброк

Општина Аеродром ги известува родителите на учениците од основните училишта на територијата на Општина Аеродром дека е изнајдено решение и учениците од среда ќе почнат да добиваат топол оброк.

Градоначалникот Златко Марин се сретна со директорот одговорен за спроведување на набавката за исхрана на сите училишта, кој го извести дека е избрана фирма за подготовка на топол оброк за учениците.

Инаку, претходно од Управата за јавни приходи е добиено известување дека данокот оваа година ќе изнесува 18 отсто, за разлика од минатата година, кога родителите плаќале по 5 отсто, така што цената за топол оброк ќе биде зголемена.

„Со цел да им излеземе во пресрет на родителите, донесов одлука разликата во цената да се субвенционира од општинскиот буџет за 2020 година, што значи дека и оваа година родителите ќе плаќаат иста сума како и минатата година, односно 1 500 денари месечно“, изјави градоначалникот Марин.

Можеби ќе ве интересира

Советникот Матевски: ВМРО-ДПМНЕ да престане со политиканство, советниците на СДСМ со иницијатива за субвенциониран оброк во цело Скопје

ДЕСК

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ОХРИД И СТРУГА – Еве каде ќе има застои и забрана за паркирање

ДЕСК

ДЕЛ ОД КАРПОШ БЕЗ СТРУЈА ОД 9 ЧАСОТ – Денеска планирани прекини во Козле и на „Варшавска“

ДЕСК