Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Група на “телеграм” ја испаничи Македонија: Се споделуваат порнографски видеа и фотографии од малолетни девојчиња од целата земја

Во затворена група на социјалната мрежа Телеграм со име “Јавна соба”, малолетници објавуваат, споделуваат и коментираат на интимни фотографии и видеа на малолетни девојки од целата земја.

Според информациите кои се споделуваат на интернет, дел од фотографиите се превземени од отворени профили, а дел биле препраќани преку приватни профили и имале порнографска соддржина.

Медиумите пишуваат дека најголемиот дел од овие материјали им припаѓаат на малолетни девојчиња.

Фотографиите во „Јавна соба“ се поврзуваат со конкретни личности, најчесто малолетни девојчиња од земјава, при што се наведува името и презимето или градот на живеење.

Фрапантно е што во групата може да пристапи секој, па дури и луѓе со лажен профил, па така за неколку дена оваа група надмина над 7.000 членови, а за кратко време биле споделени дузина фотографии и видеа, како и стотици коментари.

За случајот веќе јавно проговорија повеќе професори и наставници.

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +