13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: ВМРО-ДПМНЕ да го прифати законот за Јавното обвинителство и да се надмине себе си

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара од ВМРО-ДПМНЕ да се надминат себе си и да го прифатат законското решение за јавно обвинителство кое треба да биде донесено во Собранието. Тој вели се повеќе се нагласува потребата од носење на овој закон од страна на претставници на Европската унија, а се поврзува и со отпочнување на преговорите.

„Носењето на Законот за јавното обвинителство ја гарантира европската иднина на државата, тоа е успех на правната држава. Од страна на високи претстанивници на Европската унија, се повеќе се нагласува потребата за носење на овој закон и се поврзува со датумот за отпочнување на преговори со унијата. Сите демократски капацитети на државата, се залагаат за законско решение кое ќе гарантира дека политичарите ќе бидат настрана од правосудството и дека политичарите нема да бидат обвинители. За сите актуелни случаи и предмети, вклучително и оние на СЈО, мора да се гарантира професионална и ефикасна разрешница. Незаконие и криминал мора да бидат соодветно третирани и професионално разоткривани, односно казнувани. Тоа е можно со обвинителство ослободено од политиката“, рече Заев.

Според него, пратениците, политичките партии и политичарите треба да превземат одговорност кога во прашање е правната држава и европската иднина. Тој ја повика опозицијата да се надмине себеси со прифаќање на законот, а со тоа ќе покаже дека е против криминалот.

Спонзорирано: