16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

“Од помпезно најавуваниот скандал остана само уште една исчадена петарда во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и Јанушев, граѓаните повотрно ќе ги поразат политиките на лажни вести на Мицкоски”

Од помпезно најавуваниот скандал остана само уште една исчадена петарда во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и Јанушев, граѓаните повотрно ќе ги поразат политиките на лажни вести на Мицкоски, реагираат од СДСМ.

– Без понуда, без програма на помалку од 100 дена пред избори, ВМРО-ДПМНЕ целосно потона во матрицата на лажни вести, измислици и конструирани случаи.

Таква беше и денешната прес-конференција на нивниот генерален секретар Игор Јанушев. Од помпезно најавуваниот скандал со Законот за опојни дроги, останаа само лаги, измислици и „рекла-казала“ разговори. Уште една исчадена петарда во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и Јанушев.

Очигледна е безидејноста во белиот дворец што ВМРО-ДПМНЕ секојдневно мора да измислува и конструира непостоечки случаи.

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски преку измислици да добијат сите политички поне. Ништо не го менува фактот дека опозициската партија нема програма, нема идеја и не нуди ништо што е во интерес на граѓаните. Единствено што нуди се лажни вести, озборувања, одбрана на криминалот и обнова на режимот.

Затоа се во опозиција. Затоа ги загубија последните локални и претседателски избори и затоа ќе ги загубат и предвремените парламентарни избори.

На 12 април граѓаните ќе ги поразат политиките на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим – никогаш повеќе, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК