Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да блокира се што е во интерес на граѓаните, тие се против отписот на камати и долгови

-ВМРО-ДПМНЕ продолжува со штетните политики кои значат блокирање на сите проекти и решенија коишто се во интерес на граѓаните. Уште една потврда за тоа е поднесувањето на околу 3000 амандмани за Предлог – законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој да Комисијата за финансирање и буџет,требаше да расправа, а потоа да се изнесе и на пленарна седница, соопшти денеска СДСМ.

„Откако со криминално работење ги заглавија општините и јавните препријатија со огромни долгови, ВМРО-ДПМНЕ сега продолжуваат и понатаму со негатива односно кочење на сите проекти кои значат рехабилитација на институциите, а се единствено во интерес на граѓаните.

Наспроти долгогодишното деструктивно раководење со институциите и таложење на долгови од страна на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ како одговорна партија, работи во интерес на граѓаните, предлага отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица.

Согласно тоа, Јавните претпријатија ќе имаат обврска да ги отпишат долговите на граѓаните, а државата обезбедува мерки кои ќе гарантираат развој и ефикасно функционирање на јавните претпријатија.

Овие две мерки се тесно поврзани и се во интерес на сите граѓани на нашата држава.

И овие мерки ќе значат нов почеток за сите, после систематското уништување на држава во периодот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 година.

Затоа, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да го штитат криминалот во нивните редови, да престанат да работат и да се однесуваат само за тесно партиски интереси и да ги повлечат илјадниците амандмани со кои сакаат да ги блокираат мерките што се во интерес на граѓаните.

Но и без разлика на деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, нашата држава, со нив или без нив ќе оди напред. Граѓаните тоа го знаат и затоа на 12 април ќе ги казнат сите штетни политики на ВМРО-ДПМНЕ.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК