Успешните економски политики на СДСМ даваат реални и видливи резултати. Факт е дека платите се зголемуваат и се повеќе пари завршуваат кај граѓаните, соопшти денеска СДСМ.
„Според последните официјални податоци од Државниот завод за статистика, просечната нето плата во октомври 2019 година изнесува 25.787 денари, што е за 5,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од 2018 година.
Со СДСМ, платите растат постојано и многу побрзо. За последниве две и пол години просечната нето плата е зголемена за речиси 3.000 денари.
За споредба ВМРО-ДПМНЕ за 2 години и 5 месеци, од декември 2014-та до мај 2017-та година успеа да ја зголеми просечната плата за само 482 денари.
Со новата мерка за субвенционирање на придонесите од задолжителното осигурување за оние кои ќе ја покачат платата до 6.000 денари, како и со младинскиот додаток на плата од 3.000 денари за млади вработени во производство и предвиденото покачување на платите во образованието и здравството, очекувано е просечната плата да продолжи да расте.
Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат раст на платите и повисок животен стандард за граѓаните.
Остануваме посветени на концептот повеќе пари во секое семејство.“ – се вели во соопштението.