4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Манчевски: Разрешница на предметите од СЈО мора да има и од тоа нема бегање

Главниот збор треба да го имаат плравните експерти, не политичарите. Ни треба завршница на овие предмети, имаме проблем со правосудниот систем. Кога граѓаните гледаат дека не се процесуриаат случаите, дека се блокираат на повеќе начини, дека и оние кои се осудени не одат во затвор, едноство не веруваат во системот. Прислушуваните разговори почнаа да се обелоденуваат во 2015 година сега сме во 2020 година и се уште не одговара никој за тоа што се слуша во бомбите, изјави министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски.

Во однос на законот за јавно обвинителство Манчевски вели дека во последната верзија е направен голем дел на приближување на ставовите помеѓу власта и опозицијата.

– Во последната верзија на законот за ЈО се направени доста голем дел на приближување на ставовите. Во законот се тргнати сите одредби во решавање на статусот на обвинителите од СЈО, вели Манчевски.

Тој додава дека е несфатливо зошто и некој би бил против овој закон на ЈО имајќи во предвид што се зависи од овој закон, а тоа е добивањето датум за преговори со ЕУ.

-Блокирањето мислам дека се прави со цел да се стави крај на сите предмети кои произлегоа од разговорите. Ако сакаме судска разрешница на овие предмети, и сме искрени во тоа и сакаме да ја видиме нашата држава во ЕУ тогаш треба да се поддржи предлог текстот за овој закон. Правда за овие случаи мора да има, и од тоа нема бегање, рече Манчевски.