Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Шукова на трибината Агенда Воздух 20-24: Воведуваме 24 часовен инспекциски надзор на загадувачите, ги зајакнуваме инспекторатите за животна средина

Мерките за намалување на загадувањето, меѓудругото предвидуваат воведување на 24 часовен инспекциски надзор на загадувачите и зајакнување на централниот инспекторат и на општинските инспекторати за животна средина, истакна претседателката на комисијата за заштита на животна средина на СДСМ Каја Шукова денеска во Тетово на тематската трибина Агенда 20-24, посветена на загадувањето.

Како друга мерка Шукова ја наведе забраната за користење на нееколошки енергенси, пред се во јавните објекти, која е започната и мора да продолжи со поголеми финансиски средства.

Овој процес ќе оди паралелно и во домаќинствата, нагласи Шукова, додавајќи дека субвенционирањето на чисти енергии ќе продолжи и во иднина.

Од страна на државниот инспекторат за животна средина и локалните инспекторати ќе се спроведат постојани контроли на загадувачите и сите мали и средни капацитети во соработка со граѓанскиот сектор преку воспоставување на граѓански зелени еко патроли соопшти претседателката на комисијата за животна средина на СДСМ, Каја Шукова. Каја Шукова посочи дека програмата на СДМС предвидува и субвенционирање на инвертори за домаќинствата кои се греат на дрва.

Претседателката на комисијата за заштита на животна средина на СДСМ Каја Шукова на тематската трибина Агенда 20-24, посветена на загадувањето порача дека СДСМ има низа мерки за справување со загадувањето и тие се спроведуваат постојано.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК