Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев од Охрид: Овој празник е верба за нов почеток, верба во доброто

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев присуствуваше на чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид кој денеска беше преполн со верници и гости кои присуствуваа на традиционалното фрлање на крстот.

„Чест, задоволство и среќа е денеска да се биде во Охрид“, рече Заев и упати честитка и до среќниот граѓанин кој го извади крстот од водите на Охридското Езеро, Петар Рупевски, посакувајќи му нему и на неговото семејство среќа.

Пред присутните Заев изјави дека Водици е празник на кој се истакнува и засилува вербата во заедништвото.

„Ова е празник кога се раѓаме повторно во верата наша, кога веруваме во заедништвото, кога се помагаме меѓу себе, во верба за нов почеток, за нешто добро, за нешто заедничко. Сакам да му честитам и на Петар кој го фати крстот, секако и на неговото семејство, да ни носи среќа на целиот наш македонски народ“, порача претседателот на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +

СДСМ нема да молчи: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

C +

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК