9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: На Мицкоски поважен му е имотот на партијата отколку Законот за ЈО, затоа на 12 април граѓаните повторно ќе го поразат ВМРО-ДПМНЕ

-Христијан Мицкоски уште еднаш покажа дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, опозициската партија се уште е во криминалната матрица на Груевски. Мицкоски, Законот за Јавно обвинителство го поврзува со имотот на партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ уценуваат за да се амнестираат од судските процеси што се водат против нив. На Мицкоски поважен му е имотот на партијата и одбраната на криминалот во ВМРО-ДПМНЕ, отколку реформите во судството, важни за напредокот на државата, реагираат од СДСМ на изнесените ставови на Христијан Мицкоски.

!Тоа е уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ раководена од Мицкоски е управувана од Груевски од Будимпешта.

Граѓаните ќе го ценат ваквиот неодговорен однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кон државата и институциите и на 12 април ќе им испорачаат нов изборен пораз.

На 12 април, граѓаните масовно ќе порачаат – режим никогаш повеќе.“ – се вели во соопштението.

Спонзорирано: