Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Николовски: На сите верници им го честитам празникот Водици, да се почитуваме, да продолжиме да правиме добро

Драго ми е што денеска на овој голем христијански празник сум дел од манифестациите коишто се одржуваат во Штип во Истокот, и од тука во име на СДСМ сакам на сите да го честитам овој празник, изјави денеска од Штип, гернералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

-Пред се упатуваме честитки до Поглаварот на МПЦ, до членовите на Светиот Архирејски синод, до Митрополитот Иларион, до целото свештенство и до сите верници коишто денеска го слават овој празник и не само денес, туку повикуваме секој ден да меѓусебно се почитуваме, да се помагаме, и да во ова лето господово 2020 навистина секој ден правиме добри дела, сите заедно, да го продолжиме вистинскиот пат на просперитетот на нашата земја и во оваа година на сите граѓани да им посакам многу здравје, среќа и радост во истото.

И секако на сите оние коишто тука во Штип и во целата земја, денеска го фатија светиот крст, им посакувам лична среќа, благосостојба и личен развој пред се, изјави Николовски.

Можеби ќе ве интересира

ЗУЛУМ ВРЗ СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИК: Четворица осомничени за разбојништво во Струмица

ДЕСК

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК