24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Манчевски: Го осудуваме секој обид за злоупотреба и мобинг врз јавната администрација

Владата и Министерството за информатичко општество и администрација, изминатите две и пол години посветено работат на тоа злоупотребите, партизацијата и мобингот врз јавната администрација да бидат дел од минатото. Дополнителните министри и заменици министри од опозицијата, во изминатите две недели, во континуитет се обидуваат нивниот начин за заплашување и ставање на администрацијата во партиски цели, повторно да го направат реалност.
Упад во подрачната единица на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство од страна на дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски, го осудуваме и повикуваме притисокот врз јавната администрација да остане во минатото. Во таа насока, повторно ќе биде објавена алатката за пријавување на притисок на работно место, се вели во соопштението на Министерството за информатичко општество и администрација, како рекација на упадот на дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски.

„Со реформата и професионализацијата на јавната администрација, конечно вработените имаат простор да ги извршуваат работните задачи, да бидат сервис на граѓаните и со тоа да придонесат кон зголемување на ефикасноста на јавната администрација.

Наша цврста определба е изборите на 12 април да бидат слободни, фер и демократски. Основен предуслов за тоа е граѓаните да бидат ослободени од секаков вид на притисоци и заплачување.
Од тоа немаме намера да отстапиме, ниту пак ќе дозволиме некој одвнатре или однадвор да ја загрози неприкосновената волја на граѓаните. Ги повикуваме техничките кадри на ВМРО-ДПМНЕ да се ослободат од матрицата во која се заглавени и конечно да почнат да работат во служба на сите граѓаните. Нивна улога е да придонесат кон спроведување на фер и демократски избори и ги повикуваме да работат во согласност со нивните надлежности“, се вели во соопштението.