Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Владата на СДСМ ја реши една од најголемите направди од режимот: Сменет законот за извршителите, нивната моќ и опсег драстично намалени

Министерката за правда Рената Дескоска преку Фејсбук информира дека денес е усвоена измената на Законот за извршување кое е одраз на реалната потреба за помош и поддршка на загрозените категории на лица кои се соочуваат со егзистенцијални проблеми, но и на социјално ранливите групи на лица, кои не по своја вина не се во можност да го намират своите долгови без да им се загрози егзистенцијата, не само лична, туку и на нивните семејства.

– Со измените целосно се изземаат од присилното извршување примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита, примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на старите лица, согласно прописите за социјална сигурност на старите лица.

Дополнително со измените се намалува износот на максималната вредност која може да биде задржана односно се менуваат ограничувањата на извршувањето и тоа од 1/3 на 1/5 од плата и пензијата за лицата приматели на просечна плата и пензија, надомест на трошоци за сместување на лице и надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, како и за децата корисници на семејна пензија примената на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните, напиша Дескоска.

Можеби ќе ве интересира

Потврда за квалитет и доверба: „Реплек“ по петти пат сертифициран со EU GMP сертификатот

ДЕСК

ТИТАН Усје: Неоснованите напади само кон една компанија се неразбирливи – фабриката не работи, а загадувањето е високо

ДЕСК

АЕК објави: Оне Македонија победник на националниот тендер за 5G спектар

ДЕСК