Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Направил многу кеш: Фатен лажен теренски работник на ПИОМ, кој со измама земал пари од пензионери

Гевгелиската полиција на 15 јануари уапсила 51-годишен жител на овој град кој извршил кривични дела измама, лажно претставувајќи се како теренски работник во ПИОМ Скопје.

Како што информираат од МВР, изминатиов период тој довел во заблуда поголем број граѓани, барајќи од нив да уплатат од 1.700 до 4.000 денари, а со цел да подигнат парични средства од сметката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во висина од 170.000 до 450.000 денари по разни основи.

Од страна на полициски службеници, при извршен претрес во домот на пријавениот биле пронајдени и одземени телефонски апарати, сим-картички, документи и поголем број мобилни телефонски броеви и лични податоци од оштетени лица.

За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.






Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +