Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се движат по различни шини во зависност од успесите. Во случајот на Северна Македонија, со решавањето на спорот за името беше направен неверојатен скок затоа што тоа прашање беше причина за блокада“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференцијата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Според Меркел, двете земји кандидати не треба да се одвојуваат, но дека би можеле да одат по одвоени патишта откако ќе ги почнат преговорите.

„Сметам дека Албанија и Северна Македонија припаѓаат кон истата група. Ги имаме Србија и Црна Гора, Северна Македонија и Албанија и конечно ги имаме Босна и Херцеговина и Косово – каде што имаме една поинаква ситуација. Затоа сметам дека доколку сме фер, обете земји треба да почнат преговори, но притоа да следат различни патеки, затоа што секој треба да биде оценуван според сопствените успеси“, рече Меркел.

Таа смета дека самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи во јуни во Загреб е важен настан, и вели дека доколку се отворат преговори со Скопје и Тирана тоа ќе биде „важен сигнал“.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +