11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Локвенец: 300 кривични пријави против кадри на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво мора да добијат правен епилог

-Откако се случија демократските промени на локално ниво, до денес за 2,5 години од страна на градоначалници, општини и други надлежни институции поднесени се речиси 300 кривични пријави против поранешни градоначалници, претседавачи на совети и раководители на локално ниво, кадри на режимската ВМРО-ДПМНЕ. Од овие 300, досега се процесирани 129 кривични пред надлежни судови. Но многу од овие слуачи се чуваат заглавени во судско-обвинителските лавиринти од страна на остатоците од заробената држава во судството. Структурите од сваровски судството ја опструираат правдата на секое ниво. Тоа е уште една потврда дека е потребно прочистување и сеопфатни реформи во правосудството. Истовремено, покажува дека нема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски, изјави на денешната прес конференција, Хари Локвенец, пратеник на СДСМ.

-Процесите мора да добијат правен епилог, правдата мора да биде задоволена, а секој оној за кој ќе се докаже дека сторил криминал, да одговара.

Бројот на поднесени и процесирани кривични пријави покажува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Таму се уште е присутна криминалната матрица.

Затоа за опозицијата главен приоритет и натаму е одбрана на криминалот од нивното 11 годишно уништување на државата.

Затоа, граѓаните на 12 април ќе им испорачаат нов пораз на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и јасно ќе порачаат дека враќање на режимот нема да има! – рече Локвенец.

Спонзорирано: