5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Калеска –Ванчева: Мицкоски ги брани злоделата на Груевски, злоупотребата на лустрацијата, политичките пресметки, ВМРО-ДПМНЕ е зад секоја неправда

Изјава за медиуми, Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка на СДСМ – интегрален текст

Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го блокира Предлог законот за поништување на лустрацијата е само уште еден доказ дека во оваа партија ништо не е променето.

Наместо да се оградат, Христијан Мицкоски и дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги бранат бруталните злоупотреби на процесот на лустрација зад кои се криеше политичка и криминално мотивирана фамилија на режимот.

На ниту еден можен начин ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не се дистанцираат од грешките и злоделата на Никола Груевски, напротив ги штитат, ги бранат и ги чуваат.

Ова е најдобар доказ дека Груевски му е шеф на Мицковски и дека тоа е истото нереформирано, режимско ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотреби лустрацијата за политички, партиски, па дури и за лични цели. Тоа можевме да го слушнеме и во прислушуваните материјали, каде високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Милишоски, Јанкуловска, Груевски си нарачуваа лустрациски процеси по желба.

Бруталната пресметка со неистомислениците и кршење на законот за лустрацијата, кои свесно ги спроведуваше ВМРО-ДПМНЕ и фамилијата се срамни и недозволиви и таа неправда мора да се исправи.

Целта на овој Предлог- закон, кој ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе го блокира, е токму тоа.

Со новото предложено решение, се пристапува кон отстранување на штетните последици по лицата кои беа жртви на овие постапки пред Комисијата за верификација на факти, пред надлежните судови и пред другите органи, и за оштетените лица од наведените акти и дејствија, се предвидува надоместок на штета.

На овој начин се заокружува правната рамка како стратешка цел на реформата во правосудството во однос на обезбедување на независноста и непристрасноста.

ВМРО-ДПМНЕ е на страна на неправдата а СДСМ се бори за правда и правичност!

Спонзорирано: