Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Димковски до Трипуновски: Не ги злоупотребувајте земјоделците, сите кои ги исполнуваат условите добиваат субвенции, нема веќе списоци за исплати

Сите земјоделци што ги исполниле условите добиваат субвенции, нема повеќе списоци и партиска исплата на субвенциите, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во вечерашното гостување во емисијата Анализа на Телевизијата 24. Димковски потенцираше дека за само 2,5 години се исплатија над 335 милиони евра за субвенции.

„Оваа сума е од огромно значење за земјоделските стопанства, за развојот на земјоделството, за инвестиции во земјоделството.Дополнително тука се исплатите и за мерките од ИПАРД 2 за коишто досега се исплатени 14,3 милиони евра за инвестиции и модернизирање во земјоделството. Само за споредба за целиот програмски период за ИПАРД 1 реализацијата е околу 17 отсто или исплатени од реализирани 1.091 договори исплатени се 16 милиони евра. Тука се и мерките од Програмата за рурален развој, преку која само за мерките наменети за општините исплатени се 38 милиони. Сите аномилии коишто претходно ги правеше претходната власт за поделба на земјоделците по партиска линија, за селективна исплата, сега тоа го нема. Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите ги добиваат субвенциите навреме и тогап кога им се потребни. Ако зборувате селективност најдете еден случај на земјоделц кој исполнил услови а не земал субвенции“, изјави министерот Димковски.

При тоа Димковски посочи дека МЗШВ функционира според законските одредби пропишани за техничката Влада и ќе направиме се да функционира непречено и да не трпшат земјоделците. Димковски потенцираше дека во овие две и пол години се зголемија субвенциите, се воведоа развојни мерки, и се направи ревизија на државното земјоделско земјиште коешто претходнат власт го користеше за злоупотреба на субвенициите. Димковски потенцираше дека за дев и пол години се раскинарти над 600 договори и ослободени се околу 6000 хекатри земјоделско земјиште.