13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Димковски до Трипуновски: Ги делевте земјоделците на патриоти и предавници, така ги исплаќавте субвенциите

Вие сте од владата на Груевски, бевте советник, бевте директор на државниот инспекторат за земјоделство. Извршувајќи ги овие фунцкии вие коментирате програма каде се извршувата обврски, му рече актуелниот министер за земојделство шумарство и водостопанство, Трајан Димковски на неговиот дополнителен заменик министер Цветан Трипуновски откако Трипуновски обвините дека не се исплаќаат ветените субвенции на земјоделците.

Димковски ги демантираше овие обвинувања од страна на Трипуновски и додаде дека во изминатите 2 години тргнати се сите аномалии и можности кои водат до корупција во ресорното министерство.

-Ги тргнавме сите аномалии кои водеа до корупција. Сите аномалии од претходната власт, а тоа е дека земјоделците ги делеа на патриоти и предавници, тоа денеска го нема сите се исплаќаат во еден ист ден доколку се има потребната документација. Секој оној кој ги комплетирал сите документи редовно се исплаќа, луѓето повеќе не одат по штабови и комитети да прават списоци. Тоа се отргна и се чувствува помеѓу земјоделците кога разговараме со нив. Оваа администрација е департизирана и никого према никој нема обврска да го стави на некаков список, вели Димковски.

Актуелниот министер додава дека во последните 2 години министерството за земјоделство шумарство и водостопанство исплатило 335 милиони евра за поддршка и развој на земјоделството во државата.

-За овие 2 и пол години исплатеени се 335 милиони евра за поддршка во развојот на земјоделството. Од европските фондови искористени се 14,3 милиони евра. За локалните патишта се планирани 30 милони евра оваа година. Се инвестира и во браните и наводнувањето, браната Конско 40 милиони евра која за една година од сега треба да е завршени, потоа браната Речани и Оризари, вели Димковски.

Спонзорирано: