Една од најубавите железнички траси на светот се наоѓа во бивша Југославија, пишува Бизнис Инсајдер.
Оваа железничка траса е сместена меѓу десетте најубави на светот.
Станува збор за трасата која го поврзува Белград со црногорски Бар.
Како што наведува порталот, патниците на оваа траса поминуваат 435 мостови и 254 тунели. Возот се движи и на брегот на Јадранското море.