Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски молчи додека член на неговата партија се заканува на новинари и неистомисленици

-Емил Јакимовски Гусарот, истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ јавно и директно упатува закани кон новинари и политички неистомисленици, а Христијан Мицкоски и неговата партија молчат, велат од СДСМ преку соопштение.

Од партијата додаваат дека ниту министерот за внатрешни работи во преодната влада Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ не постапува и не ги заштитува лицата кои трпат закани од Јакимовски.

„Чулев единствено се занимава со коли за неговиот кабинет и ја загрозува безбедноста. Тоа е доказ дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат само за враќање и обнова на криминален, насилнички режим кој се заканува и заплашува. Ништо не е сменето, тоа е истата, нереформирана, режимска ВМРО ДПМНЕ“, велат од СДСМ и нагласуваат дека ги осудуваат заканите на членовите на ВМРО ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +

Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

C +