Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Откриени 62 мигранти во возови во Гевгелија

Шеесет и двајца мигранти се откриени во два одвоени случаи во товарни возови кои во државава пристигнале од Грција.

Според информациите на МВР, вчера во 15,55 часот од страна на полициски службеници од Македонија, Чешка и Австрија, при контрола на товарен воз кој на Железничката станица Гевгелија пристигнал од Грција во 15,25 часот, откриени биле 42 илегални мигранти од кои 38 од Мароко, двајца од Сирија и двајца од Алжир.

Истиот ден во 19 часот, пак, во друг товарен воз кој пристигнал од Грција биле откриени 20 илегални мигранти од кои осум од Пакистан, седум од Авганистан, три од Мароко и двајца од Алжир.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Додека прават дефокус носат 10.000 „економски работници“

ДЕСК

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, нема решенија за граѓаните – само дефокус

ДЕСК

Најмногу снег на Попова Шапка, утре со врнежи од дожд и снег претпладне , попладне облачноста ќе се намалува

ДЕСК